За денешниот ручек ви предлагаме уште една совршено лесна и вкусна комбинација од тестенини и зеленчук. Ништо друго практично не ви е потребно освен малку свежа салата отстрана и секако, добро друштво. Пријатно!

Шпагети со зеленчук

By Гастронаутка Published: April 14, 2014

    За денешниот ручек ви предлагаме уште една совршено лесна и вкусна …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Кромидот исечкајте го на ситни парчиња, тиквичката и модриот патлиџан излупете ги и исечкајте ги на коцки, а доматите пресечете ги на половина (ако користите чери).
    2. 2.Ставете го зеленчукот во огноотпорен сад, додадете ги неисчистените чешниња лук, одозгора посипете ги зачините, маслиновото масло, и додадете сол и црн пипер.
    3. 3.Натопете парче хартија за печење со вода и покријте го зеленчукот, а потоа печете го на 200 степени околу 20 минути. Извадете ја хартијата и печете уште 15-тина минути на 220 степени.
    4. 4.Сварете ги шпагетите според упатството на пакувањето водејќи сметка да бидат готови отприлика во исто време како и зеленчукот. Послужете ги во чинии за сервирање, па одозгора распоредете го печениот зеленчук и иситнетото печено лукче кое сте го исчистиле од лушпата.
    5. 5.На крајот додадете малку маслинки исечкани на кругчиња и неколку парчиња свежо бело сирење. Послужете веднаш.
    6. 6.Забелешка: овој рецепт содржи состојки за две порции.