Во семејство на Валентина Крстевска спанаќот веќе не е јадење по кое набргу си повторно гладен, а тоа е така благодарение на додатокот од соините шницли… Денес, несебично, го сподели рецептот со нас.. 🙂
Спанаќ со соини шницли
By May 19, 2013
Published:Во семејство на Валентина Крстевска спанаќот веќе не е јадење по кое …
Ingredients
- 800 г спанаќ
- 100 г ориз
- 1 средо голема главица кромид (или 3-4 млади кромитчиња)
- 1+ 1 лажица зачинска сол
- малку масло за готвење
- 6 соини шницли
Instructions
- 1.На спанаќот со рака откинете му ги коренчињата. Јас секогаш ги користам и дршките на листовите. Убаво измијте го во 3-4 води.
- 2.Во околу 1 литар вода со 1 лажица зачинска сол обарете ги соините шницли и поставете ги на дното во садот за печење.
- 3.На малку масло пропржете го кромидот, а подоцна додајте го оризот. Нека се пржи додека оризот да добие стаклест изглед. Додајте околу 1 дл вода и спанаќот кој со рака го ситните при додавањето во садот.
- 4.Додадете 1 лажица зачинска сол, исклучете ја ринглата и оставете да се динста, најмногу 5 минути.
- 5.Префрелете го подготвениот спанаќ врз шницлите во садот за печење и печете на 180 степени околу 45 минути.
- 6.НАПОМЕНА: според советот од баба ми, заради железото кое го содржи, не е препорачливо спанаќ да се сецка со нож, па затоа секогаш го ситнам со рака. Доколку се јаде наредниот ден, не е препорачливо јадењето да се подгрева, но се надевам дека ќе ми верувате дека и студено, ова јадење навистина има преубав вкус.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна