Еве една супер интересна идеја за денешниот ручек. Шпанска брза пита која нема да ви одземе многу време за подготовка, а сигурно ќе ви долови барем малку од шпанскиот шарм :). Пријатно!

Шпанска пита

By Тетка Биберче Published: February 11, 2013

  • Prep: 10 mins
  • Cook: 40 mins
  • Ready In: 50 mins

Еве една супер интересна идеја за денешниот ручек. Шпанска брза пита која …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Во поголем сад изматете ги јајцата. Додадете го брашното и пченкарното брашно заедно со прашокот за пециво.
  2. 2.Во садот додадете и млеко и масло за готвење. Смесата добро измешајте ја.
  3. 3.Додадете ги и исечканата шунка, киселите краставички и сланината. Ставете и малку сол.
  4. 4.Тавата за печење намачкајте ја со путер и посипете малку брашно. Истурете ја смесата во тавчето и рамномерно распоредете ја.
  5. 5.Загрејте ја рерната на 200 степени и печете околу 35 до 40 минути.