За неполни девет минути со помош на силиконскиот сад на познатиот шпански бренд Lekue, во микро печка направете супер вкусен шпански омлет со кромид и компири. За целосно уживање декорирајте со ливче магаданос или босилок и уживајте во неповторливиот вкус.


Состојки:
-115г кромид
-1 лажица масло
-20 мл вода
-300г компири
-20мл масло
-20мл млеко
-прстофат сол

Подготовка:
1. Кромидот излупете го и исечкајте го на не многу ситни парчиња. Ставете го во силиконскиот сад за подготвка на омлет. Додадете сол, масло за готвење и вода. Затворете го садот и ставете го во микро печка на 800 W на 3 минути.
2. Компирот измијте го и излупете го и исечкајте го на тенки парчиња. Ставете го во силинконскиот сад, додадете сол и масло и повторно вратете го во микро на уште 5 до 6 минути.
3. Јајцата изматете ги со млеко и додадете прстофат сол. Внимателно истурете ги во силиконскиот сад. Затворете го и вратете го во микро на уште една минута.

Овој супер модерен и корисен силиконски сад за подготовка на омлет можете да го најдете во продaвницата на Карес.

Погледнeте го видео рецептот: