Ако мислевте дека кошничките за колачиња се наменети само за колачиња – сте биле во грешка и тоа во голема. Имено, холандските дизајнери пронајдоа дури неколку други работи за кои може да се користат овие кошнички, особено ако се како оваа на сликата – изработени од пластика со дијаметар од 70 см. Мора да признаете дека ако се користат како кадичка, кошничките навистина изгледаат како најслатките колачиња на светот.

А да не биде примената ограничена само на бањање, дизајнерите предлагаат кошничките да се користат како легла за вашите миленичиња, кутии со песок за играње на најмладите, па дури и како саксии. Навистина мнооогу симпатични кошнички за колачиња кои можете да ги набавите овде!