Зошто обични бисквити кога можете да ги направите во форма на срце. Ви треба калапче, малку повеќе трпение, но затоа ќе добиете совршено декоративни колачиња кои освен ќе изгледаат прекрасно и ќе мамат да се посегне по нив, ќе бидат и одлична комбинација за подарок на вашиот сакан или сакана.
Срца - бисквити
By February 13, 2013
Published:- Prep: 30 mins
- Cook: 20 mins
- Ready In: 50 mins
Зошто обични бисквити кога можете да ги направите во форма на срце. Ви …
Ingredients
- 340 г путер (омекнат) (или 200 г путер и 140 г маргарин)
- 200 г шеќер
- 1 лажичка арома од ванила
- 1 лажичка екстракт од бадем
- 420 г брашно
- ¼ лажичка сол
- 150 г сушени брусници (ситно сечкана)
Instructions
1.Во сад, со миксер, изматете го путерот заедно со шеќерот. Ставете лажичка ванила и екстракт од бадем. Во брашното додадете сол и малку по малку додавајте во смесата со путер. Додадете и ситно сечкана брусница.
2.Со раце добро измесете го тестото се додека не добиете фина смесата, завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер да се одмори барем 30 минути.
3.Одмореното тесто тенко расукајте го и со помош на модла во форма на срце вадете ги формите. Остатокот од тестото повторно расукајте го и повторно вадете срценца.
4.Тавчето за печење обложете го со хартија за печење (доколку користите силиконска подлога не е потребно) и ставете ги бисквитите во форма на срце.
5.Печете во загреана рерна, на 180 степени, околу 15 до 20 минути, водејќи сметка да не потемнат премногу. Оставете ги да се оладат и сервирајте ги.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна