Еве уште едно прекрасно издание на нашата состојка на месецот – плазмата, во комбинација со нескафе. Многу љубов во еден од нашите најомилени десерти. Ви посакуваме пријатен ден!
Срца со нескафе и плазма
By March 19, 2014
Published:Еве уште едно прекрасно издание на нашата состојка на месецот - плазмата, …
Ingredients
- 100 мл млеко
- 125 гр маргарин
- 150 гр шеќер
- 150 гр мелени плазма кекси
- 150 гр мелени лешници
- 1/2 кафена лажичка нескафе
- 150 гр шеќер во прав (за фонданот)
- 2-3 супени лажици врела вода (за фонданот)
- 1/2 кафена лажичка нескафе (за фонданот)
- 1 кафена лажичка сок од лимон (за фонданот)
- 1 кафена лажичка масло за готвење (за фонданот)
Instructions
- 1.Ставете го млекото да зоврие заедно со шеќерот (околу 3 минути) и мешајте додека не се добие смеса со густина на мед.
- 2.Тргнете го тенџерчето од оган, и во сеуште врелата смеса додадете го маргаринот исечен на коцки и мешајте додека потполно не се растопи.
- 3.Додадете ги кексите и лешниците, нескафето растворено во 1 кафена лажичка вода, а потоа убаво промешајте додека смесата не се изедначи.
- 4.Со смесата наполнете модлички (по можност силиконски, за да се вадат убаво колачињата). Ако сакате поедноставно, плиток сад (не многу голем) обложете го со хартија за печење, а потоа врз неа убаво распоредете ја смесата и оставете ја во фрижидер преку ноќ убаво да се олади.
- 5.Фонданот направете го така што во подлабока чинија (или сад) ќе го ставите шеќерот во прав, ќе го додадете нескафето растворено во лажичка ладна вода, а потоа постепено ќе додадавате врела вода со постојано мешање додека не ја добиете саканата густина. Ако е потребно, можете да додадете уште малку шеќер во прав или вода, а на крајот додадете и малку лимонов сок и масло за да се добие убав сјај.
- 6.Изладените колачиња извадете ги од модлите и одозгора прелијте го фонданот. На крајот украсете со малку чоколадо за готвење.
- 7.Забелешка: Ако не сте користеле модли, односно имате цела смеса, прелијте ја со фонданот, а потоа оставете ја во фрижидер да се стегне. Откако ќе се олади, сечете мали штанлички (како бајадери).
- Cuisine: Десерт
- Course: Без термичка обработка
- Skill Level: Едноставна