За тоа дека палачинките се еден од најпопуларните десерти во свет нема никакво сомнение. Полнети со џем, крем, мед или пак во солена варијатна независно. Секогаш се добредојдени на маса. Но, дали сте знаеле дека нивното височество палачинките имаат ден посветен за прослава, традиција која потекнува од Англија и е стара речиси 500 години.

Токму денес е тој ден, кога во Велика Британија, Северна Ирска и во некои други делови во светот му се одава почит на овој десерт и тоа на најубав можен начин, со приготвување на многу различни типови палачинки. Но, зошто токму овој ден? Денот посветен на палачинките секоја година се слави на различен датум, но секогаш е вторникот кој претходи на почетокот на четириесетдневниот пост пред Велигден кој го празнуваат католиците. На тој начин мудрите Британци решиле да надоместат за се она од што мора да се одрекнат за време на постот.

Најпознатата активност на овој ден е трката која се случува во историскиот британски град Олни која се одржува од далечната 1445 година. Се започнало на тој начин што една Британка на велики вторник одлучила да испече палачинки и да ги наполни со сите намирници кои не смеела да ги јаде за време на постот, а постоела можност да и се расипат. Во меѓувреме се чуле црковните ѕвона и таа за да не задоцни на миса трчала со палачинките во раце. Тоа го забележале нејзините комшии и пријатели и оттогаш секоја година во чест на овој настан одлучиле да организираат трка. Бидејќи ние немаме ваква трка, а важиме за големи мераклии на палачинки за да го одбележиме овој голем ден ви предлагаме неколку вкусни рецепти.

Палачинки со карамелизирани јаболка

Запечени палачинки

Палачинки со праски

Црни палачинки