Во романтична атмосфера, со специјални музички и визуелни ефекти, огромна торта и со неколку стотици гости-пријатели, Lounge Bar&Restaurant Arabesque го прослави првиот роденден. Македонските граѓани, уметници, политичари и дипломати на едно место, заедно ги кренаа чашите во чест на 365-тиот ден од постоењето на Арабеска. Музичкиот вовед во ритамот на funky jazz&bluzz, реализиран од страна на Марија џез квартет беше вистинско загревање за присутните гости, а кулминација на доброто расположение беа младите прилепчани The Hounds, кои во знакот на rok&roll ритамот направија вистински БУМ.

“Презадоволни сме од роденденската журка која искрено ги надмина и нашите очекувања. Задоволни, расположени и распеани гости-токму тоа беше нашата цел. Гала забавата беше вистински подарок за довербата која изминативе 365 дена ја добивме од нашите гости. До крајот на годината Арабеска ќе се посвети и на хуманитарните активности кои веќе ги најавивме, а го збогативме и нашето мени. Втората година од постоењето на Арабеска ја начнуваме со уште поголем ентузијазам и привилегии за нашите гости“, истакна Синиша Ивановски, генерален директор на Арабеска.

Среќен роденден Арабеска

Среќен роденден Арабеска

Среќен роденден Арабеска