Доколку ви е здодеано по дома да гледате еднолични стаклени свеќници, тегли, чаши и чашки, шишиња и разни други садови, еве една прекрасна идеја со која можете да се забавувате, креирате, а истовремено и да си ја обновите и освежите колекцијата на разно-разните стакленки. Се што ви е потребно за да го изведете ова се неколку лакови за нокти (во што поживи бои), еден безбоен лак за нокти, неколку чепкалки за заби, пластичен сад со вода (што можете да го фрлите потоа), и нормално – стакленки!
Значи, прво соберете ги лаковите, измијте ги и добро исушете ги стакленките кои сакате да ги боите.
Секоја стакленка залепете ја со селотејп или некоја самолеплива лента за да ги означите границите на обоениот дел.
Во пластичниот сад со вода капнете малку од едниот лак, потоа врз него капнете од другиот, и така натаму додека не ги потрошите сите лакови. Внимавајте само цело време да капнувате на истото место и работете го ова побрзо бидејќи лаковите се сушат.
Со чепкалка за заби повлечете од средината на местото каде што ги капнувавте лаковите и направете си шари.
Потопете го дното на секоја стакленка во лакот, почекајте неколку секунди за лакот да се фати, а потоа внимателно и полека извадете ја стакленката од водата. Ако ви се појават меурчиња со воздух, не грижете се, тоа е нормално. Превртете ја чашката со дното нагоре и оставете ја добро да се исуши. Со чиста чепкалка отстранете го искористениот лак од водата и почнете од почеток.
Откако сите стакленки добро ќе се исушат, премачкајте ги со безбоен лак, повторно оставете ги да се исушат, оделепете ги лепенките и восхитувајте им се на вашите креации!
Посетете ја супер интересната фејсбук страница ИДЕИ ЗА ДЕКОРАЦИЈА која ќе ве инспирира и ќе ја потикне вашата креативност. ЛАЈК 🙂