Супер вкусни стапчиња кои се одлични во моментите кога сакате да грицнете нешто. Јас ги направив со чајна салама и сиренце, а вие можете да ставите нешто и по ваша желба. Тестото е превкусно, па затоа која комбинација и да ја направите нема да погрешите.

Стапчиња со чајна салама

By Тетка Биберче Published: May 11, 2014

  • Prep: 15 mins
  • Cook: 15 mins
  • Ready In: 1 hr 30 mins

Супер вкусни стапчиња кои се одлични во моментите кога сакате да …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Чајната салама исечкајте ја на мали коцки, а биеното сирење изрендајте го.
  2. 2.Во подлабок сад, ставете ги сите состојки и замесете потврдо тесто. Покријте го со крпа и оставете го на топло, бареме еден час или се додека дупло не нарасне.
  3. 3.Стасанато тесто поделете го на десет идентични топчиња и секое топче, со помош на раце, ролувајте го за да добиете форма на стапчиња.
  4. 4.Тавата за печење обложете ја со мрсна хартија и ставете ги стапчињата. Оставете ги околу 15-тина минути или се додека не се загрее рерната.
  5. 5.Пред печење, намачкајте ги со млеко за добиете рустичен изглед. Печете ги на 200 степени околу 15-20 минути или се додека не добијат златна боја.