Нема некој што нема да се вљуби во овие стапчиња уште на прв поглед! Едноставни се за правење, а можете да ги послужите и со Нутела или уште подобро, некое домашно џемче!
Стапчиња со чоколаден сос
By September 20, 2013
Published:- Prep: 5 mins
- Cook: 20 mins
- Ready In: 25 mins
Нема некој што нема да се вљуби во овие стапчиња уште на прв поглед! …
Ingredients
- 130 г шеќер
- 3 кафени лажички мелен цимет
- 110 г путер
- 220 мл вода
- 1 кафена лажичка сол
- 130 г брашно
- 3 јајца
- масло за пржење
- 100 г чоколадо за готвење
- 120 г слатка павлака
Instructions
- 1.Во тенџерче растопете го путерот со водата, додадете ги шеќерот, циметот и солта. Оставете ја смесата да зоврие, а потоа намалете ја температурата. Додадете го брашното и мешајте додека не се формира тесто.
2.Тргнете го тенџерето од оган, па додавајте ги јајцата едно по едно и мешајте додека смесата не се изедначи.
3.Ставете ја смесата во подебела пластична ќеса и отсечете го едното ќоше со дебелина која ви одговара.
4.Во подлабоко тенџере ставете повеќе масло и добро загрејте го. Потоа притискајте ја ќесата и сечете ги стапчињата спуштајќи ги директно во маслото.
5.Послужете ги стапчињата топли заедно со чоколадниот сос.
6.Пржете ги стапчињата околу 5-6 минути, а потоа откако сосема малку ќе се оладат, извалкајте ги во шеќер.
- Cuisine: Десерт
- Course: Пржење
- Skill Level: Едноставна