Летото секогаш ме подсетува на вода (езеро или море), ладно пивце и скара. А зајде сонцето и може да си дише надвор, доаѓам во искушение да ја извадам скарата и да запечам нешто на неа. Особено во последниве години, кога открив пар супер зеленчуци што одлично се прават на скара, па можам јадењето да го направам и помалку мрсно (да не биде 100% месо, нели?), навистина скарата ми станува омилен начин за готвење.

Во доверба, има тука и нешто друго, морам да признаам. Значи, се знае дека кога се прави скара, мојата поубава половина си се занимава околу јадењето, па јас можам и да одморам некои 10-15 минути, откако нели ќе подготвам се што оди на скарата. Како и да е, си ја сакам…. Туку, друго тргнав да ви кажувам, па по обичај се заборавив! Скоро налетав на овие супер штосни, модерни, тренди, фантастични итд…. стапчиња за ражничи. Се согласувате со мене дека баш секси изгледаат, сигурна сум :), а богами и добро се пече на нив. Но, имаат само еден проблем, овие гранчињата им се некако кратки, па по дома ме зафркаваат дека тоа не биле ражничи, туку ражничиња, и човек треба да ги обере сите гранки за да се најаде. Како и да е, ако одлучите да се подновите и да бидете во тренд дури и кога правите скара, еве линк каде можете да ги набавите!