Не знам дали сум ви кажала до сега, ама стварно сум махер за торти :). Простете ми што вака гласно си се испофалив од старт, ама па јас ако не си се пофалам, кој ќе ме пофали??? Туку, да се вратам назад, кај тортите. Некако ми излегуваат баш фантастично кога и да ги направам. Значи, не промашувам во тестото, филот секогаш ми е совршен, а за украсување ич да не правиме муабет. Можам да ги лицкам со часови. Резултат = супер торти од различни типови.

И сега доаѓа она главното. Ми доаѓаат гости, јадеме до препукнување (ама секогаш и без исклучок :)) и тогаш доаѓа времето за десерт. Ја вадам јас мојата торта (совршена во секој поглед, пак ќе си кажам) и …. ништо! Ама баш никаква реакција од никого! А јас мислам – сега ќе испопаѓаат во несвест, ќе викаат лелеееее каква е тортава, одлично изгледа, супер итн. Реалноста боли. Сите мирно си го примаат чинивчето со торта и си продолжуваат со муабетот глатко.

Е па како човек да не се изнервира? Не може нели? И така изнервирана тргнав јас да смислувам стратегии. Прво, нема веќе да правам торти, ама тоа не оди – ќе ме стрелаат. После, ај ќе правам торти, ама не праавам ништо друго, за да дојде тортата до израз, ама и тоа не оди – пак ќе ме стрелаат. После тоа смислив уште нешто, ама решението беше во суштина многу едноставно. Си ја купив оваа штикла за торта овде, па кога ја извадив, апсолутно им го привлече вниманието на сите, а тоа значи дека и мојата прекрасна торта си дојде во преден план. И мојата штикла и тортата си ги добија своите 5 минути слава, а не можам да ви опишам колку јас си бев среќна.

Затоа, ако сакате да си ја истакнете својата кулинарска умешност, запомнете дека не ви е доволно само готвењето, потребна ви е и една ваква убава и секси штикла!