Во неделата, дел од нашата редакција имаше можност да ужива во неколку прекрасни попладневни и вечерни часови поминати во градот Штип. И покрај тоа што главната причина за нашата посета беше секако Штипската пастрмалијада, не ја пропуштивме можноста да се прошетаме по старите градски улици и да се восхитуваме на отворениот и гостопримлив дух на Штипјани.

Иако неколку часа пред почетокот на вистинската забава на главниот градски плоштад беше релативно мирно, успеавме не само да уловиме љубители на пастрмалијата кои уживаа во доцен ручек и ладно Скопско пивце, туку успеавме и да ја забележиме еуфоријата на оние кои веќе започнуваа со подготовка за правење на пастрмајлиите. А бројот на пастрмајлии што беа направени и изедени беше навистина импресивен.

во очекување

Го искористивме затишјето да прашаме неколкумина производители на пастрмајлии која е тајната на Штипските пастрмајлии, а нивните одговори беа идентични “квалитетно месо, маст, црвен пипер, добро брашно и многу љубов“ – со насмевка ни одговараа, додека тестото веќе се месеше. А според нив, најдобро брашно за Штипската пастрмајлија е брашното од тип 400 на Жито Лукс, кое навистина, се разнесуваше по плоштадот во вреќи.

подготовки

Од Жито Лукс ни потврдија дека компанијата е посветена на развој на локалните вредности преку поддршка на вакви значајни настани како Штипската пастрмалијада која е веќе прерасната во традиција. Тие посочија дека нивното екстра бело брашно тип 400 ќе се спои со традиционалниот рецепт на Штипската пастрмајлија во обид да им пружи на сите гости исклучително уживање со добра храна и секако, одлична забава.

А ние можеме и тоа како да го потврдиме тоа, бидејќи ги пробавме сите пастрмајлии кои можевме (а имаше свински, пилешки, па дури и телешки), се смеевме и се забавувавме, уживавме во добрата музика и атмосфера, и едноставно одлично си поминавме.

дел од атмосферата

Затоа драги наши, ако оваа година го пропуштивте овој посебен настан посветен на нашата фантастична македонска кујна, дружењето и одличната забава, немојте да направите тоа и следната година. До следното убаво залаче и се гледаме наредната година на главниот градски плоштад во Штип!

голема побарувачка