Јас го знаев како Штипско кофте, а откако почнав да буричкам и јас по кујнатa,  наидов на еден мноооогу сличен рецепт само носи име Паша ќофте… за мене е скоро исти.

Штипско ќофте

By Лилјана Илиева Published: June 2, 2013

    Јас го знаев како Штипско кофте, а откако почнав да буричкам и јас по …

    Ingredients

    Instructions

    1. Подготовка на штипски ќофтиња1.Најпрвин подварете го сосема кратко оризот. Додадете го во месото полуварен ориз, додајте 2 јајца, зачините кои вие сте ги одбрале и мешавината од фантот која сте ја раствориле во малку вода. Измешајте, направете ќофтиња во големина која вие ја сакате.
    2. Ќофтиња спремни за пржење2.Сматете ги останатие 2 јајца и секое ќофте прво увалкајте го во брашното, па во јајцето.
    3. Пржење на ќофтињата3.Ќофтињата пржете ги на зејтин.
    4. Испржени ќофтиња4.Откако сте ги испржиле сите ќофтиња, здробете или изрендајте кромид, ставете во истиот зејтин да се пржи заедно со брашното. Кога кромидот ќе добие зацрвенети ивици значи и брашното е испечено, залејте со вода да добиете не многу густ сос, додадете го изренданиот патлиџан, зачинете и оставете да проврие.
    5. Ќофтиња во сос спремни за печење5.Истурете во тавче сосот кој што сте го добиле, додадете ги готовите ќофтиња и ставете во рерна да крчка.
    6. Сервирани ќофтиња во сос6.Кога сосот веќе изврел скоро до половина и ја добил саканата густина - извадете од рерната. Сервирајте ги!