Дали знаете што точно му е потребно на вашиот организам за да го започнете денот на идеален начин? Истражувањата извршени на оваа тема испитувале голем број на намирници, за на крајот да ја состават листата од намирници кои го сочинуваат идеалниот оброк за започнување на денот.

За да ден по ден, и секој ден, имате доволно енергија за да се справите со сите стресови, задолженија, активности, вашиот појадок треба да биде составен од:

Кафе – бидејќи ја забрзува апсорпцијата на мастите

Млеко – бидејќи е богато со калциум и аминокиселини кои го поттикнуваат производството на колаген и елатин

Чоколадо – бидејќи содржи триптофан кој е стимулатор на лачењето на серотонин – хормонот на среќата

Портокал, грејпфрут и киви – бидејќи се богати со витамините А, Ц и Е

Интегрален леб и путер – лебот дава енергија бидејќи е богат со олигоелементи, а путерот е извор на селен, редок, но и драгоцен антиоксидант

Мед – бидејќи е полн со витамини, аминокиселини и минерали.