Без разлика на тоа дали уживате викендите да ги поминувате на плажа, дали сте пасиониран риболовец, обожавате пикници или пак само сакате да си седите во дворче или на тераса, еве ја вистинската столица за вас. Во нејзиниот долен дел е вградено фрижидерче кое може да се наполни со мраз и да собере онолку пијалоци колку што можете да испиете. Во задниот дел има вградени тркалца што го олеснува транспортот на столицата кога фрижидерчето е полно. И на крај, има и згодни држачи за чашите или шишињата на рачките.

Значи се што треба да направите е да си купите столицава, да ја наполните до врв со пивце, сокче, вода или нешто друго по желба и да се сместите некаде во некоја длабока сенка. Совршено, нема што!

Столицата, инаку, чини само 60 долари, а можете да ја купите овде!