Штрудла е права класика, не зависно како е приготвена. Дали со јаболка, сливи или било кое друго овошје, секогаш е совршена. Јас денес за појадок направив домашна штрудла од вишни, идеална за добар почеток на денот? Ако денот по утротот се познава, тогаш ова е правиот рецепт!
Штрудла од вишни
By October 20, 2012
Published:- Prep: 40 mins
- Cook: 20 mins
- Ready In: 60 mins
Штрудла е права класика, не зависно како е приготвена. Дали со јаболка, …
Ingredients
- 400 г брашно (сосотојки за тесто)
- 1 јајце (сосотојки за тесто)
- 30 г путер (сосотојки за тесто)
- 250 мл топла вода (сосотојки за тесто)(и плус 50 мл)
- 3-4 капки оцет (сосотојки за тесто)
- прстофат сол (сосотојки за тесто)
- 100 г путер (растопен, за премачување)
- 170 г шеќер во прав (за фил)
- 170 г афионово семе (за фил)
- 1 кг вишни (без семки) (за фил)
Instructions
1.Во поголем сад, со помош на миксер, изматете ги сите состојки за тестото. Тестото префрлете го на набрашнета површина, замесете го уште малку, формирајте топка, намачкајте ја со масло за готвење, покријте го и оставете го тестото 20 минути да се одмори.
2.Одмореното тесто ставете го на набрашнета ткаенина, топчето ставете го на средината и нежно тегнете го од средината кон краевите. Треба да добиете тенка голема кора (0колу 55x45 см).
3.Кората намачкајте ја со растопен путер, наросете афионово семе и ставете вишни. Краевите исечете ги со нож и со помош на чаршавот завиткајте ролна.
4.Ролната пресечете ја на пола, ставете ја во плех за печење и премачкајте ја со останатиот растопен путер. Печете 7 минути на 210 степени, па потоа намалете на 130 степени и печете околу 15 до 20 минути.