Штрудла во било кое време и во било која комбинација е секогаш добредојдена. За вас приготвив со јаболка и кокос која се надевам ќе ви де допадне. Се разбира очекувам и да ми пишете како ви излегла.

Штрудла со јаболка и кокос

By Тетка Биберче Published: March 29, 2013

  • Prep: 15 mins
  • Cook: 60 mins
  • Ready In: 1 hr 15 mins

Штрудла во било кое време и во било која комбинација е секогаш …

Ingredients

Instructions

  1. Подготовка на растресито тесто1.Во пластичен сад измешајте 125 г брашно со кафеав шеќер, цимет, кокосово брашно и 250 г путер исечкан на коцки. Со раце месете се додека не добиете растресито тесто. Јаболката излупете ги и изрендајте ги.
  2. Брашно, путер и јајца...2.Остатокот од путерот (115 г), заедно со шеќерот и прстофат сол, со помош на миксер, изматете го. Додадете ги јајцата , едно по едно, притоа константно мешајќи. Додадете го и остатокот од брашното и прашокот за пециво.
  3. Слоеви тесто и рендана јаболка3.Во калап за печење, намачкан со путер или обложен со хартија, ставете пола од сместа, распоредете ги ренданите јаболка и пола од растреситата смеса. Одозгора ставете ја останата смеса и растреситото тесто.
  4. Штрудла со јаболка и кокос4.Печете во загреана рерна, на 180 степени, околу еден час. Оставете малку да се олади, наросете со шеќер во прав и сервирајте!