Дали сте знаеле дека при печењето, многу од активните супстанции и витамини кои ги содржи јаболкото, стануваат многу поефикасни и организмот полесно ги апсорбира… Затоа, големо фала на Верица Кузмановска за овој одличен рецепт.
Штрудла со јаболка
By December 27, 2012
Published:Дали сте знаеле дека при печењето, многу од активните супстанции и …
Ingredients
- 500 г готови кори
- 1 кг јаболка
- 200 г шеќер
- 150 мл масло за готвење
- 50 г пченичен гриз
- 50 г шеќер во прав
- 1 кесичка ванилин шеќер
Instructions
- 1.Јаболката ги лупиме и ги рендаме.
- 2.Земаме една кора и ја премачкуваме со масло за готвење и врз неа ја ставаме втората кора и неа ја намрсуваме.
- 3.На почетокот од втората кора ставаме од ренданото јаболко, посипуваме шеќер, малку гриз и ванилин шеќер.
- 4.Ги виткаме двете кори како палачинка и ја ставаме во тава која претходно сме ја премачкале со масло за готвење.
- 5.И преостанатите кори за пита ги филуваме и ги редиме во тавата.
- 6.На крај, корите ги премачкуваме со преостанатото масло и ги печеме во загреана рерна на 220 степени околу 25 минути или се додека не добијат убава боја.
- 7.Откога ќе се олади штрудлата, ја сечеме на парченца и ја посипуваме со шеќер во прав.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна