На многумина еден од омилените десерти и тоа со причина. Превкусна домашн штрудла со вишни подготвена од вештите раце на Валентина Крстевска.

Штрудла со вишни Recipe

By Валентина Крстевска Published: November 26, 2015

    На многумина еден од омилените десерти и тоа со причина. Превкусна домашн …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Се чистат вишните од семките.
    2. 2. Во длабок сад се растопува путерот во него се додаваат малку исцедените вишни и смесата кратко се пропржува.Потоа во садот се додава дел од сокот испуштен од вишните откако тие малку ќе се исцедат.
    3. 3.Во остатокот од сокот кој го испуштиле вишните се раствора пудингот, шеќерот и ванила кисталите. Ова се додава во претходната смеса откако кратко ќе зоврие.На тивок оган се вари кремот додека да се згусне, потоа се прекрива со проѕирна фолија и се остава да се излади.
    4. 4.На работната површина се простира првата кора.Се премачкува со тенок слој маргарин, а врз неа се постава втора кора.Една третина од корите се преклопува, на средината од тој преклоп се поставуваат 3 лажици од филот, се размачкува во тенка линија од левиот до десниот крај на корите, се завиткува цврста ролничка и се поставува во тава премачкана со маргарин.
    5. 5. На овој начин се филуваат и сите останати кори.Одозгора се премачкуваат со стопениот маргарин.
    6. 6.Се пече на 175 степени во претходно загреана рерна додека ролничките да добијат златно жолта боја.
    7. 7.За штрудлата да остане крцкава, не треба да се покрива по печењето.
    8. 8.Оладените ролнички се сечат на парчиња долги 5-6 см, а одозгора обилно се посипува со шеќерот во прав помешан со ванила кристали.