Мини штрудлички, нешто навистина едноставно, а сепак многу прекрасно! И доколку се согласите дека оваа штрудла е класика, тогаш  и овие штрудлички се класика над класиката…. барем за мама Лиле и за оние околу неа 🙂

Штрудлички со фил

By Мама Лиле Published: December 23, 2012

  • Prep: 20 mins
  • Cook: 15 mins
  • Ready In: 35 mins

Мини штрудлички, нешто навистина едноставно, а сепак многу прекрасно! И …

Ingredients

Instructions

  1. Состојки за штрудличките1.Во пластичен сад, со помош на миксер, омекнатиот путер се мати со шеќерот.
  2. Подготовка на тестото2.Во смесата се додава јајцето, брашното, павлаката како и бадемите и се меша се додека не се добие фино тесто.
  3. Тесто завиткано во фолија3.Тестото се дели на 4 еднакви делови, се формираат четириаголни парчиња, секое се завиткува во фолија и се става во ладилник најмалку 2 часа да се стврдне, односно да се „одмори“.
  4. Филувана кора4.Секое парче тесто се сука во долгнавеста кора, не многу тенка и во средината се филува со мармалад.
  5. Формирана штрудла5.Едниот дел од крајот на кората се префрла преку делот со филот, па врз него се префрла и другиот дел, а краевите се притискаат со прст за да не истече филот.
  6. Ролати врз тава за печење6.Вака припремените 4 „ролата“се ставаат во тава обложена со хартија за печење така што споениот дел од секој „ролат“ треба да се најде одоздола.
  7. Ролат спремен за печење7.Откако се наредени во тавата за печење, секој ролат се засекува одозгора (не сече).
  8. Испечена штрудла8.Се печат во загреана рерна на 200 степени, околу 10 до15 минути, внимавајќи да не се препечат и не потемнат многу.
  9. Штрудличка со фил спремна за јадење9.Испечените штрудлички се оставаат да се оладат, се посипуваат со шеќер во прав и се сечат на означените места и се сервираат.
  10. Мармалад10.Совет: во филот може да се додадат мелени ореви или бадеми со 1 лажица цеден портокал. Во случај да се искористат суви смокви, тие треба да постојат 10 до15 минути во топла вода, потоа се блендираат заедно со сокот од портокал.