Старинските рецепти ги чувам и негувам со задоволство. Струмичката Баклава е многу стар рецепт и вреди да се проба…Ова е старинска и една од најубавите баклави, пробајте, незаборавен вкус има. Добар апетит ! – ни порача нашата читателка Весна Рохр (Со љубов, за вас!).

Струмичка баклава

By Весна Рохр Published: January 26, 2013

    Старинските рецепти ги чувам и негувам со задоволство. Струмичката …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Се става толчен Сакс или Мастикс, зачин кој и дава посебен вкус на баклавата. Оревите се сечат долгнавесто и тенко, гризот се пржи, а во него се додава ванилата и толчениот сакс.
    2. 2.Најпрво, дното на плех бр.32 се мачка зејтинче, се редат корите една врз друга. На секоја ставате зејтин и гриз со ванилата и саксот измешани, а на секоја втора или трета и ореви. Долните и горните неколку кори оставете ги без ореви.
    3. 3.ечењето е многу важно, во средина овој пат е сечена и до центарот, затоа што ова е мал плех за баклава, таа се прави во огромни тепсии и тогаш средината останува цела ѕвезда. Во овој плех, ѕвездата би одзела многу простор.
    4. 4.Полијте ја со растопениот маргарин...Потоа се пече околу еден час, покриена со фолија на почетокот. Кога ќе се излади, се полива со шербет од 1,5 кг шеќер и помалку од 1 кг вода, ванилин шеќер и кругчиња лимун при крај.
    5. 5.За оние кои сакаат помека баклава, треба да се полие пред да биде готов шербетот, значи два пати, а кога ќе почне да се влече како конец од лажицата, значи готов е и се полива остатокот. Но ако сакате ропкава, да се сипа како велиме, се полива еднаш, кога е готов шербетот.