Е па конечно нешто да направат и за нас мајсторите и мајсторките за теста! Не знам дали сте забележале ама многуууу бе некако бевме запоставувани во минатото, за разлика од слаткарите и другите готвачи. Не поминале ни два дена, а оп! некакви калапчиња, ножиња, специјални садчиња и слично. А никако на некој да му текне да ја истретира како што треба фелата на месачи и тестоправачи!

Туку, погледнете што си пронајдов некни во Карес (се некако патот таму ме води, а не можам да поминам и да не влезам, и тоа ти е!). Сукалце по мерка! Со специјални кругчиња што си ги монтираш и одмонтираш за да ја добиеш совршената дебелина на тесто……уф, страшно!

А да ви кажам, се мачев со она класичноно сукало со години. Пазете, не дека не знам да го работам де! На крајот на краиштата сепак сум мајстор за теста, нели? Туку, мораш да мериш и премеруваш по стопати. Те за прженици требало подебело тесто оти ако многу го истенчиш нема да пораснат, те за кифлички требало потенко – за да испаднат така…послоевити, да речам. А да не спомнувам правење на ванилици, соленки или други слични нешта кога се сукаат по две три кори! И лењирче кога користам никогаш не ми испаѓаат исти. Со еден збор – катастрофа!

Но, да цитирам една позната песна од еден уште попознат поет – NEVERMORE! или поинаку кажано – отидов јас да замесам нешто :) оти …. ми се пријаде од муабетов!