Малку ми фалеше да паднам во несвест кога го видов ова :). Замислете си, резбарено сукало! И нема потреба да купувате милион различни форми и калапи за да направите малку поинакви колачи. Не само што ќе ви прават гужва по фиоките, па ќе ви требаат 20 минути да си го најдете тоа што го барате, туку и ќе ви заштедат време, и тоа многу!

Ајде сетете се. Кога последен пат правевте вакви колачиња колку време ви требаше за да го расукате тестото, па да вадите една по една форма, па тие една по една да ги редите во тавчето за печење. И кога оп, денот отишол.

Ама затоа, со ваквото сукало за колачиња ви требаат само 5 минути. Просто, само растегнете си го тестото и колачите се готови! Прекрасно, прекрасно, ви велам. Па уште кога ќе видите дека може целото тесто директно да се префрли во тавче и таму само да се засечат колачињата – е навистина САКАМ едно (или две :)) вакви сукала.

Инаку, го најдов на оваа адреса, ама искрено, не знам зошто уште си го немам нарачано. Во секој случај, ми изгледа дека нема да чекам уште долго.