Оваа баклава многу потсетува на баклавите што порано ги правеа нашите баби со сукани, а не со готови кори… Затоа им ја препорачувам на сите што се ушсте го носат тој вкус и мирис од детството.

Сукана баклава

By Татјана Докузова Published: April 29, 2013

    Оваа баклава многу потсетува на баклавите што порано ги правеа нашите …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Со брашното, водата, маслото и пецивото замесуваме тесто. Тестото се дели на 50 еднакви точиња. Од секое топче расукуваме кора со големина од 10 до 15 см пречник. Корите ги посипуваме со густин.
    2. 2.Корите се редат по пет парчиња една врз друга. Од нив расукуваме една голема кора.(рецептот е за плех бр 40)
    3. 3.Се повторува постапката со сите кори и кога ќе се готови ги редиме во плехот. На средина или на две места помеѓу корите се ставаат толчените ореви.
    4. Наредена баклава4.Баклавата се сече на ромбови и се попрскува со 125гр. маргарин и 300мл. масло (малку загреан маргаринот и измешан со маслото). Потоа се става на печење, првин на 200 а по 15 минути на 150 степени...
    5. Попарена баклава5.По можност наредниот ден се става шербетот, кој се подготвува од 1,5кг. шекер и 1,5л вода. Се става топол шербет на ладна баклава и се остава убаво да упие...