Време е да затропа лажица. Нашиот денешен предлог е да си згответе домашна супа со брокула и просо. Ако не сте голем љубител на брокула, заменете ја со карфиол, зелка или морков и ќе добиете подеднакво вкусно предјадење.


За подготовка на вкусни рецепти потребни се квалитетни продукти, затоа ние ги користевме производите на Виталиа

Супа од брокула и просо

vitalia

By Мигусто Published: September 22, 2015

  • Prep: 10 mins
  • Cook: 40 mins
  • Ready In: 50 mins

Време е да затропа лажица. Нашиот денешен предлог е да си згответе …

Ingredients

Instructions

  1. Подготовка на супа од брокула1.Исечкајте го кромидот и лукот на ситни коцки и ставете ги во длабока тава на оган да се запржат. Морковот исечкајте го на кругови, додадете го во тавата и пржете го се додека не омекне.
  2. Подготовка на супа од брокула2.Во меѓувреме, во длабок сад со вода обарете ја брокулата. Потребни се околу 5 минути. Исцедете ја и додадете ја во тавата со зеленчук.
  3. Супа од брокула3.Ставете вода, зачинете и варете ја супата околу 20 минути. Со помош на рачен блендер, испасирајте ја супата.
  4. Супа од брокула4.Вратете ја на оган, ставете просо и ржани снегулки и варете уште 10 минути.