Знаеме дека леќата е прилично потценета и ретко се приготвува. Но, тоа не мора да биде така. Имаме супер вкусен рецепт за супа, богата со протеини која е супер замена за ручек.
Супа од леќа
By May 16, 2013
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 40 mins
- Ready In: 55 mins
Знаеме дека леќата е прилично потценета и ретко се приготвува. Но, тоа не …
Ingredients
- 250 г леќа
- 1 мал корен целер
- 1 морков
- 1 главица кромид
- 1 лажица доматно пире
- 3-4 парчиња сланина
- малку маслиново масло
- 1 л вода
- малку сол, црн пипер
Instructions
- 1.Целерот, морковот и кромидот исчистете ги, ситно исечкајте ги и на малку маслиново масло запржете ги. Откако ќе омекнат, во тава додадете го доматното пире и убаво промешајте.
- 2.Во тавата налејте околу еден литар вода, ставете ја леќата, промешајте и гответе ја супата околу 35 до 40 минути или се додека не се свари леќата.
- 3.Готовата супа зачинете ја со сол и црн пипер, сервирајте ја во длабоки чинии, декорирајте со парчиња сланина и леп и послужете.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна