Супата е секогаш добра и здрава опција, па јас честопати ја имам на дневното мени. Овој пат се одлучив за една зеленчукова комбинација, која се надевам ќе ви се допадне и вам. Добар апетит!

 

Супа со печурки и блитва

By Тетка Биберче Published: April 27, 2013

  • Prep: 10 mins
  • Cook: 25 mins
  • Ready In: 35 mins

Супата е секогаш добра и здрава опција, па јас честопати ја имам на …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Печурките измијте ги, исушете ги и исечкајте ги. Лукот ситно исечкајте го, а младиот кромид исечкајте го на крукчиња. Блитвата измијте ја и исечкајте ја.
  2. 2.Во тава за пржење (подлабок), на малку загреано масло, запржете ги печурките и лукот, ставете суви зачини и со постепено мешање, пржете се околу 4-6 минути или се додека не омекнат и заруменат на краевите.
  3. 3.Во тава додадете ја исечканата блитва, ставете поклопец и оставете ја блитвата неколку минути да омекне.
  4. 4.Додадете околу една шолја вода (или супа од зеленчук), зачинете со сол и црн пипер.
  5. 5.Ставете ја тестенината, оставете да зоврие, поклопете и варете ја супата се додека не ја добиете саканата густина (но не повеќе од 10 минути).
  6. 6.Сервирајте ја топла, а одозгора наросете сечкан млад кромид.