Даска за сечење леб, послужавник и простор за мал сад во кој можете да го ставите вашиот омилен сос и да си мацкате. Па ова е идеално за сите оние мераклии за јадење пред телевизор. Повеќе нема потреба од пренесување пола кујна за да уживате во вкусен сендвич и во гледање на вашата омилена серија.

Се што ви треба е овој супер кујнски додаток дело на креативните дизајнери на компaнијата Joseph Joseph кои навистина направиле ремек дело. Лесно за одржување, ултра корисна и естетска. Супер додаток за секој дом.