Еве еден многу лесен, ефтин, ама и многу вкусен колач со јаболка, кои морате да признаете се хит во овој период од годинaта. И на нашите пазари изборот на ова вкусно овошје е голем, но за подготовка на овој десерт најдобро е да си купите покисели јаболка.

И замислете не ви треба ни млеко, ни јајца, но и без нив, за многу кратко време ќе добиете едно вкусно, слатко задоволство.

Супер лесен колач со јаболка

By Ана Марија Милосављевиќ Published: December 3, 2013

    Еве еден многу лесен, ефтин, ама и многу вкусен колач со јаболка, кои …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Jаболката се рендаат, се цедат и се ставаат во подлабок сад. Се додава сода бикарбона, цимет, шеќер и ванила и смесата се остава да стои еден час.
    2. 2.Потоа се додава зејтинот, брашното (гризот), оревите и сувото грозје.
    3. 3.Се пече во подмачкан плех во загреана рерна на 220 степени на почетокот, а по 15 минути температурата се намалува на 180 степени. Со чачкалица се проверува дали тестото е печено.
    4. 4.Уште додека е топол колачот се премачкува со мармалад од сливи (или каков што имате), а одозгора се посипуваат мелени или толчени ореви.
    5. 5.Внимавајте, колачето многу брзо го снемува од кујната!