Мирис на штотуку испечен домашен леб. На маса малку путер и мед за супер почеток на денот. Појадок за мерак, приготвен од леб направен со состојки кои ви ги одбирате. Без адитиви и сето тоа приготвено во домашни услови. Се прашувате како? Едноставно, со помош на овој ултра модерен пекач на леб од Горење кој прави одличен леб, кој откако еднаш ќе го пробате верувајте никогаш повеќе нема да ги купувате оние од продавница.

Ставете ги сите состојки од вечер, наместете си тајмер и рано наутро ќе ве разбуди прекрасен мирис. Овој модел (PB 1200BK) едноставно ќе ве импресионира со можностите кои ги нуди. Можете да изберете каков тип на леб да направите во зависност од тоа за што ќе го користите.

Дали помек, со крцкава коричка, интегрален, француски, со шуплини за сендвич или пак можеби без глутеински. Дури можете да изберете и колку да биде испечен. Дали сакате светла, темна или крцкава боја на кората изборот е само ваш. Ако сте многу гладни направете лепче од 1200 грама, а за оние кои внимаваат на линијата им препорачуваме од 900. Овој апарат чини 4.590 денари.

Супер пекач на леб

Супер пекач на леб