Линијата помеѓу генијален или апсурден изум понекогаш може да биде многу тенка. Со тоа сите се сложуваме. Но, како најлесно да се снајдете ако сте почетник во јадењето азиска храна. Тогаш овој супер дизајнерски изум наречен chork, ќе ви помогне да не се обрукате и при тоа да си каснете и да не останете гладни. Станува збор за пластичен прибор за јадење со два краја, на едниот вилушка, а на другиот две стапчиња, онаа позната традиционлна варијанта за јдење кинеска храна.

Ако планирате по дома да ги изненадите пријатели со нешто пикантно азиско, тогаш овој приборен ќе ви биде повеќе од потребен. Оние повештите ќе јадат со стапчиња, а останатите со вилушка. Како и да е, важно е сите да се задоволни од вкусот на храната.

Од реакциите на официјалниот сајт на производителот, од каде може и да си го нарачате, свативме дека сите оние кои го купиле овој прибор се прилични задоволни и најчето велат дека повеќе не мора да бараат вилушка во случај да им затреба. Chork e живо џабе, чини само 3.99 долари за пакување од 12 парчиња.