Кои се малите тајни на големите мајстори? Оние што обично не се кажуваат, секако! Еве неколку такви тајни од нашата ризница на мудрости што ќе ви помогнат безболно да симнете некое килограмче….

Пијте вода со лимон

Редовно пијте, и тоа наутро на празен стомак, најмалку една чаша вода со лимон. Размената на материите во организмот со тоа ќе се забрза, а вие ќе изгорите додатни 20 калории без никаков напор.

Мирисајте ванила

Мирисот на ванила ги активира хормоните за среќа во мозокот, скоро исто онолку колку и чоколадото. Капнете неколку капки арома од ванила на шамивче и длабоко вдишувајте. Ако сакате, можете да искористите и арома од јаболко или банана.

Смути за појадот

Во блендер измешајте 100 гр малини (или некое друго овошје), 250 мл млеко и една кафена лажичка мед. Вистински утрински погодок  кој ќе ви помогне во согорувањето на маснотиите и ќе ви го намали утринското мрзоволие.

Зачински билки наместо сол

Во подготвувањето на храната користете помалку сол, а повеќе зачински билки. Солта ја задржува водата во организмот и го спречува отстранувањето на штетните материи. Зачини кои ви помагаат да останете витки се магдоносот, босилекот и власецот.

Цимет наместо слатко

Циметот ја намалува желбата за слатко.  Ставете прстофат цимет во чаша со јогурт или џвакајте мастики со вкус на цимет.

Сенф наместо путер

Наместо путер или маргарин, на лепчето намачкајте сенф. Пикантен и содржи само 10 калории, за разлика од една лажичка путер која има дури 40 калории!

Чувствувате глад? Прелажете го својот организам!

Кога ќе почувствувате глад, почекајте барем 20 минути пред да почнете да јадете. За тоа време во организмот ќе се создаде адреналин кој ги согорува маснотиите и ја регулира размената на материи. Ако почувствувате глад доцна навечер, напијте се чаша немасно млеко. Протеините од млекото ќе направат да се чувствувате сити, а нема да ве здебелат.

Арома трик

Немасното сирење извадете го од фрижидерот 30 минути пред оброкот. На собна температура, сирењето ќе добие поинтензивен вкус и арома.

Подалеку од маснотиите

Подготвувајте ја храната без додадтни маснотии: зачинете го месото или рибата, додадете зеленчук, завиткајте се во алуминиумска фолија и печете.