Овојпат нашата пријателка Валентина не замоли да и веруваме на збор бидејќи самата таа не успеа да ја слика внатрешноста на крофните и да не увери дека навистина се целосно шупливи. Дождот едноставно не и дозволи да продолжи со сликањето…

Шупливи крофни

By Валентина Крстевска Published: February 28, 2013

    Овојпат нашата пријателка Валентина не замоли да и веруваме на збор …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Се стасува квасецот со малку шеќер и брашно во топло млеко.
    2. 2.Во длабок сад се ставаат сите состојки освен брашното и убаво се мати со миксер.
    3. 3.Постепено се додава малку по малку од брашното и с`е додека е тоа можно се мати со миксер. Потоа се меси со рака с`е додека не се потроши брашното или додека не се добие меко топчесто тесто. Од тој момент се меси 15-тина минути.
    4. 4.Се остава да стаса додека не се дуплира волуменот, а потоа на побршнета подлога се размесува кора дебела околу 1 см. Со чаша се сечат кругови,па се оставаат да стасаат.
    5. 5.НАПОМЕНА: не бидете нестрпливи, оставете ги да стасаат,секоја минута исчекување се исплати бидејќи така стануваат уште пошупливи.
    6. 6.Во садот во кој ќе се пржат крофните ставете масло и оставете го да се загрее на умерена температура. Секоја крофна,лесно поминете ја со сукало,па страната која била горе додека стасувале превртете ја надолу за пржењето. Поклопете го садот со капак, кратко пржете ги, па превртете ги крофните.
    7. Шупливи крофни7.Оставете ги на хартиени кујнски салфети да се оладат, па по ваша желба полнете ги со шприц со мармалад, некој чоколаден или ванила крем или едноставно само посипете ги со кристал или шеќер во прав.
    8. Шупливи крофни8.НАПОМЕНА: препорачувам да ги пржите во сад со стаклен капак за да не дозволите да изгорат. Овие се навистина многу шупливи крофнии бргу се пржат, но лесно може да се сучи да изгорат.