Не можете ни да претпоставите колку опасно вкусни и лесни за правење се овие пуслици. Рецептот ни го даде нашата омилена вујна Микица, а ние сме и опасно благодарни. Навистина, одамна не сме пробале нешто толку……совршено :)

Сушени пуслици

By Мигусто Published: June 14, 2013

    Не можете ни да претпоставите колку опасно вкусни и лесни за правење се …

    Ingredients

    Instructions

    1. Јајцата и шеќерот се варат на пареа1.Измешајте ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер и ставете ги на пареа да се варат додека смесата не се згусне или околу 1 час (ние ги измешавме со лажица, а откако се сварија ги измативме со миксер).
    2. додадете го маргаринот2.Додадете го маргаринот и мешајте додека не се стопи и смесата не се изедначи.
    3. додадете ги оревите3.Крупно измелете ги оревите (во блендер) или пак исечкајте ги, а потоа додадете ги во смесата.
    4. смесата е готова4.Добро измешајте и оставете ја смесата малку да се стврдне (може во фрижидер) за да можете полесно да ги обликувате пуслиците.
    5. со лажичка обликувајте ги пуслиците5.Со лажичка правете топчиња на послужавник кој сте го обложиле со хартија за печење.
    6. оставете ги да се сушат6.Обликуваните пуслици оставете ги да се сушат на собна температура барем 24 часа (по потреба превртете ги за да се исушат добро од двете страни).
    7. мммм, уживање!7.Откако ќе се исушат чувајте ги на собна температура но во сад кој има капак (бидејќи можат да се пресушат). Инаку, пробавме една доза со додавање на стопено чоколадо во смесата и така беа одлични.