Омилениот десерт од моето детство кој често за мене го приготвуваа мојата баба или мајка. Зошто и вие да не ги израдувате најблиските со домашно приготвен сутлијаш. Да ги потсетите на малку подзаборавените вкусови.
Сутлијаш
By April 2, 2013
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 20 mins
- Ready In: 40 mins
Омилениот десерт од моето детство кој често за мене го приготвуваа …
Ingredients
- 1 шолја ориз (од 250 мл. рамно наполнета)
- 1 л млеко
- 100 г шеќер (по желба може и повеќе)
- 2 жолчки
- 2 лажички нишесте
- 1 лажичка цимет
- малку мускатно оревче
- малку сол
Instructions
1.Во поголем сад со вода, на оган, го вариме оризот се додека не омекне. Гo процедувамe и го тргаме на страна.
2.Во друг сад, ставаме шеќер, нишесте и малку сол. Промешуваме, па го додаваме млекото. Го оставаме на тивок оган, но со постојано мешање за да не загори, да се свари млекото.
3.Откако ќе зоврие, го додаваме сварениот ориз и мешаме.
4.Настрана, во сад, со метална маталка, матиме 2 жолчки. Во садот со жолчки додаваме малку од топлото млеко со ориз и цела ја префрлуваме во млекото.
5.На тивок оган, мешаме се додека не ја добиеме потребната густина.
6.При крај, се додава мелен цимет, екстракт од ванила и малку рендано мускатно оревче.
7.Малку оладен, сервирајте го во вашите омилени здели, по желба наросете уште малку цимет и послужете го.
- Cuisine: Десерт
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна