Роденден без славеничка торта не бива. Затоа Вања годинава го прославила роденденот на нејзиниот сопруг со едно прекрасно слатно изненадување и тоа Шварцвалд торта ала Вања.

Шварцвалд торта Recipe

By Валентина Крстевска Published: October 17, 2013

    Роденден без славеничка торта не бива. Затоа Вања годинава го прославила …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Се вари пудингот на вообичаен начин и се остава да се лади покриен со најлонска фолија.
    2. 2.Рерната се вклучува на 175 степени да се загрее.
    3. 3.Цврсто се матат белките со солта и потоа се додаваат жолчките. Кога е се цврсто изматено се додаваат и другите состојки за бисквитот.
    4. 4.Се пече во калап со дијаметар 22 см на хартија за печење.
    5. 5.Откако ќе се олади, бисквитот се префрла на рамна површина, се поделува на две еднакви по височина кори, првата се поставува на тањирот на кој ќе биде поставена тортата и се прелива со половина од сокот од компотот.
    6. 6.Ако вишните се свежи или замрзнати, се варат кратко во 300мл вода, шеќер по вкус и ванила екстрактот, па со половина од тој сок се прелива првиот бисквит.
    7. 7.Се поставува дел од вишните врз бисквитот, се преливаат со дел од пудингот, па се поставува и вториот бисквит. И тој се прелива со сок од вишни, се украсува со вишни, се покрива со пудинг и на крајот врз сето ова се става мало купче од вишни за да личи на планиснки врв.
    8. 8.Преку нив се прелива остатокот од пудингот (не повеќе од 4-5 лажици), се украсува со изматената слатка павлака и одозгора се посипува со ренданото чоколадо.