Хрватската компанија Бадел 1862 го прослави својот 150 годишен јубилеј со промовирање на нов производ. Високо квалитетната премиум водка наречка “Сварог”. Алхохолен пријалок во чие производство биле вклучени тим на врвни хрватски стручњаци и дизајнери.

Познатата македонска хип-хоп ѕвезда Тони Зен стана заштитно лице на најновата вотка Сварог, именувана по словенскиот бог на огнот и небото. Во преполната сала на ресторанот Мулино  се случи нешто што наликуваше на древен словенски ритуал: преку играта на членовите на Ребис и перформансот на хрватскиот театар Игра на сенки.

На овој начин, новата ексклузивна вотка „Сварог“ која компанијата „Бадел 1862“ неодамна ја лансираше на хрватскиот пазар, ја доби својата македонска промоција.

Бадел 1862 АД Скопје, екслузивниот застапник за производите на Бадел 1862 во Македонија, неодамна доби Супербренд признание за својата дводецениска работа на македонскиот пазар.