Ова е одлична комбинација за свечен неделен ручек иако е прилично брза за правење, па можете да се гоштевате буквално во кој било ден од неделата. Послужете го месото со пире или со печени компири и задолжително отворете едно шише убаво црвено Македонско вино. Добар апетит!

Свинско филе со кремаст сос

By Гастронаутка Published: January 29, 2014

  • Prep: 5 mins
  • Cook: 30 mins
  • Ready In: 35 mins

Ова е одлична комбинација за свечен неделен ручек иако е прилично брза за …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Загрејте ја рерната на 220 степени и обложете го тавчето за печење со хартија.
  2. 2.Во блендер ставете го кромидот, магдоносот и лукот и добро измелете ја смесата. Во мало тавче загрејте го путерот а потоа додадете ја добиената смеса со кромид да се запржи околу 3 минути,. Оставете ја малку да се олади. Додадете ги презлите и мешаниот мелен пипер.
  3. 3.Убаво обложете го филето со добиената смеса, а потоа ставете го да се пече во загреаната рерна околу 25-30 минути. Оставете го да се олади 10-тина минути пред да го исечете. Place pork tenderloins on baking sheet and press shallot mixture along top and sides of each tenderloin. Roast in oven for about
  4. 4.Во меѓувреме направете го сосот. Во помало тенџерче измешајте ја павлаката за готвење, супата, балсамико оцетот, шеќерот, брашното и мајчината душичка. Ставете го на умерен оган и почекајте да зоврие со повремено мешање. Намалете го оганот и оставете да се вари уште околу 10 минути.
  5. 5.Отстранете ги гранчињата мајчина душичка од сосот, сипете од него во чинијата за сервирање и одозгора поставете ги парчињата свинско филе.