Сочно и меко свинско филе за богат викенд ручек. Што повеќе би можеле да кажеме освен – уживајте во секое залаче!
Свинско филе во маринада
By July 2, 2012
Published:Сочно и меко свинско филе за богат викенд ручек. Што повеќе би можеле да …
Ingredients
- 800 гр свинско филе
- 3-4 млади кромидчиња
- 1 кафена лажичка свеж ѓумбир (рендан)
- 4 чешниња лук
- 3-4 супени лажици соја сос
- 1-2 кафени лажички чили сос
- 1 супена лажица Ворчестер сос
- 2 супени лажици маслиново масло
- 2 кафени лажички кафеав шеќер (или обичен)
- малку сол
- малку црн пипер
Instructions
- 1.Потопете го месото во маринадата, а потоа покријте го со пластична фолија и оставете го во фрижидер 8-24 часа, со повремено превртување (за да впие од сите страни).
- 2.Загрејте ја рерната на 200 степени. На умерен оган ставете подлабоко тавче со многу малку маслиново масло да се загрее. Извадете го месото од маринадата (сочувајте ја) и ставете го во тавчето да се запржи од сите страни (околу 5-6 минути, колку да ја смени бојата).
- 3.Ставете го месото во тава намачкана со масло и печете го во загреаната рерна околу 20-25 минути (или повеќе ако сакате попечено). Кога ќе биде готово, оставете го да стои 5-10 минути во тавчето пред да го исечете.
- 4.Преостаната маринада ставете ја во тенџерче над оган да зоврие. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата на тивко и варете со повремено мешање уште 5-6 минути.
- 5.Исечете го месото на парчиња дебели околу 1,5 см и посипете го со сосот одозгора. На крајот испрскајте го со свежи ситно исечкани зелени перца од млад кромид.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна