Фантастично добро, а едноставно за правење. Без разлика дали ќе го дополните со њоки или пире, ориз или мешано вариво, сигурни сме дека ќе уживате до последниот залак.

Свинско со вргањ

By Гастронаутка Published: November 24, 2012

    Фантастично добро, а едноставно за правење. Без разлика дали ќе го …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Налејте ги печурките со топлата вода и оставете ги да постојат 10-15 минути (не ја фрлајте водата откако ќе ги извадите).
    2. 2.Свинското месо исечете го на плочки (дебели околу 8 мм), потоа малку удрете ги плочките со чекан за месо и провалјкајте ги во брашното.
    3. 3.Ставете ги да се запржат во загреано масло (колку да фатат боја), а потоа извадете ги од тавчето и оставете ги на топло.
    4. 4.Во истото масло каде што се пржеше месото, додадете го ситно исечканиот кромид и сланината исечкана на тенки ленти или коцки и запржете ги заедно.
    5. 5.Кога ќе се запржи сланината, додадете го ситно исечканиот или истолчен лук и вргањите, залејте со водата во која се киснеа печурките и оставете да се динста околу 10-15 минути.
    6. 6.Вратете го месото во тавчето, додадете го виното, сол, црн пипер, зачинал, а по потреба и уште малку вода (скоро да го покрие месото) и динстајте на умерена температура околу 25-30 минути.
    7. 7.По желба можете да додадете малку павлака за готвење за да се згусне сосот. Ставете ја павлаката, промешајте и почекајте минута-две сосот да почне да врие, а потоа тргнете го тавчето настрана.
    8. 8.Додадете го магдоносот, мајчината душичка или други зачини по желба и промешајте.
    9. 9.Послужете во комбинација со њоки или пире, и декорирајте со по едно ливче од ловор.