Ако сте љубител на маслинки, тогаш овој намаз т.е. тапенада ќе ви биде еден од омилените. Полесно е се, разбира да се купи едно мала тегла од маркет, но задоволството е многу покомплетно кога ќе ја направите сами, а за тоа ви требаат не повеќе од 10-тина минути.

Што е тоа тапенада? Самиот збор потекнува од францускиот збор, на провансалски јазик (дијалект), „la tapenade“ и е назив за капари кои се составен дел на тапенадата. Во основа на тапенадата се маслинките, капарите и инчуните и уште некои други додатоци. Конечниот продукт е груб намаз каде што најмногу се чувствуваат маслинките и инчуните. Велат дека тапенадата е дел од провансалската кујна, поточно областа околу Ница. Меѓутоа, присутна е и во Италијанската кујна, а се документирани рецепти уште од античките римски готвачи кои датираат илјадници години пред појавата на францускиот збор tapenade. Најраниот познат рецепт за тапенатата, позната под името Olivarum conditurae, е напишан во книгата „De re rustica“ чиј автор бил римскиот писател Lucius Junius Moderatus Columel и тоа во првиот век од н.е.

Во овој рецептот за тапенада не користам инчуни, од проста причина што јас и моите не го поднесуваме нивниот мирис. Доколку вас ве бендисува тогаш слободно ставете 1-2 инчуни. Треба да споменам дека квалитетот на тапенадата најмногу зависи од изборот на маслинките. Изберете маслинки кои по вкус ви одговараат.

Тапенада или намаз од маслинки

By Мама Лиле Published: December 27, 2013

  • Prep: 15 mins

Ако сте љубител на маслинки, тогаш овој намаз т.е. тапенада ќе ви биде еден …

Ingredients

Instructions

  1. Состојки за тапенада1.Во блендер, се ставаат само маслинките и се блендираат. Потоа се додаваат сите останати состојки и зачини и се продолжува со блендирање додека не се изедначат сите состојки.
  2. Блендирање2.Во принцип, маслинките може да бидат и солени и кисели, па затоа не брзајте со додавање на сол и сок од лимон. Првин треба да се проба намазот (тапенадата) на вкус па дури потоа да се додадат солта и сокот од лимон, ако воопшто е потребно.
  3. Тапенада или намаз од маслинки3.Тапенадата може да се користи како мезе, може да се служи со крекери, потпечен леб, може да се служи со резанки од свеж зеленчук (crudités), а може да се користи и како додаток кон некои јадења.