Тарт или пита но со македонски вкус, заради пиперките…Строги правила нема, оставам на Вашата креативност, ќе рече Весна, автор на кулинарската страница Со љубов, за вас! Секој тарт ми е различен, не може да погрешите, може само да добиете нова комбинација, Ваша! Преубаво е, пробајте, добар апетит !
Тарт со македонски вкус
By February 18, 2013
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 35 mins
- Ready In: 1 hr 25 mins
Тарт или пита но со македонски вкус, заради пиперките...Строги правила …
Ingredients
- 250 г брашно (Pâte brisée)
- 125 г путер (Pâte brisée)
- 1 жолчка (Pâte brisée)
- 50 г ладна вода (Pâte brisée)
- малку сол (Pâte brisée)
- 250 г свежи печурки
- 200 г кашкавал (рендан)
- малку сувомеснато (тенки парчиња чајна или слично)
- малку карфиол
- 1 домат
- 1 чешне лук
- 1 пиперка
- малку сол, црн пипер
Instructions
- 1.Замешајте го маргаринот со жолчката и шеќерот а потоа додавајте го брашното со прашокот за пециво. На крајот додадете вода. Доколку тестото е премногу тврдо, додава уште малку вода.
2.Кога ќе добиете убаво и компактно тесто, завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер да постои барем 30 минути. Ова кора е наречена pâte brisée на француски, која се користи и за благ и за солен тарт т.е е неутрално тесто.
3.Тестото расукајте го помеѓу две парчиња проѕирна фолија, во круг, со дебелина околу 3-4 мм. Тестото префрлете го во набрашнето тавче (или ставете хартија за готвење), па моделирајте ја кората по желба.
4.Врз тестото, изрендајте дебел слој на кашкавал. Ставете подварен и измиен карфиол расечен на парченца, а врз нив тенко исечканите свежи печурките (ренданиот кашкавал ќе ја впие водата од печурките). Врз сето ова, наредете тенко исечено сувомеснато по Ваша желба, парчиња домат, лук на парченца и кругови пиперка. Зачинете.
5.Печете малку повеќе од 30 минути, на 180 степени, на подолна решетка за да се исцеди течноста...
6.Внимавајте да не Ви загори кората на врвовите (заштитете ја со фолија, скроена да го штити она што е повеќе изложено...)
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Печење
- Skill Level: Средна