Најновиот деликатес од кујната на Мигусто. Си купивме нова модла за тарт и ова е нашето првенче. Тарт со мелено месо кој излезе феноменално. Ветуваме многу нови солени, но и слатки веријанти на тема тарт.

Тарт со мелено месо

By Тетка Биберче Published: January 3, 2013

  • Prep: 20 mins
  • Cook: 35 mins
  • Ready In: 55 mins

Најновиот деликатес од кујната на Мигусто. Си купивме нова модла за тарт …

Ingredients

Instructions

  1. Подготовка на тестото1.Замешајте го маргаринот со јајцето и шеќерот, а потоа додавајте го брашното со прашокот за пециво. На крајот се додава 1 лажичка кисело млекото. Доколку тестото е премногу тврдо, додава уште една лажичка кисело млекото.
  2. Одморено тесто2.Кога ќе добиете убаво и компактно тесто, завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер да постои барем 30 минути.
  3. Расукано тесто3.Тестото расукате го помеѓу две парчиња проѕирна фолија, во круг (дебелина околу 3-4 мм).
  4. Тарт обложен со расуканото тесто4.Тартот премачкајте го убаво со маргарин или со путер и со расуканото тестот обложете го. Остатокот од тестото свиткајте го во фолија, ќе ви послужи за горната кора.
  5. Спремен за печење5.Рерната загрејте ја на 180 степени, а со помош на виљушка избоцкајте го тестото за да не нарасне при печење. Тартот печете го 10 минути.
  6. Запржено месо6.Запржете го меленото месо заедно со ситно сечканиот кромид. Зачинете, додадете 2 лажици крем сирење и едно јајце (тргнете малку жолчка настрана која ќе ви користи за премачкување на тартот).
  7. Наполнет тарт со мелено месо7.Меленото месо истурете го во полу испечениот тарт. Наросете со малку рендан кашкавал.
  8. Спремен тарт за печење8.Остатокот од тестото исукајте го, исечете го на тенки лентички и ставете ги одозгора, врз меленото месо. Тестото намачкајте го со жолчка.
  9. Испечен тарт со мелено месо9.Печете го во рерна уште 20 до 25 минути или се додека не добие златна боја. Оставете го малку да се олади и слободно навалете. Имајте добар апет!