Како изгледа вашиот омилен ручек? Дали нешто наик на ова. Според нас ориз со мелено месо е права класика, па затоа ви препорачуваме да си ја спремите во прваа прилика. Вистинско гурманско уживање. Добар апетит.
Тава со ориз и мелено месо
By September 23, 2015
Published:- Prep: 30 mins
- Cook: 30 mins
- Ready In: 60 mins
Како изгледа вашиот омилен ручек? Дали нешто наик на ова. Според нас ориз …
Ingredients
- 200 г ориз
- 2 главици кромид
- 1 морков
- 1 црвена пиперка
- 1/2 корен целер
- малку масло за готвење
- 400 г мелено месо
- 150 г кашкавал
- малку сол, црн пипер
Instructions
1.Во длабок сад ставете вода, посолете и ставете го оризот. Варете го се додека не омекне. Исцедете го и префрлете го во огноотпорен сад (садот претходно намачкајте го со масло за готвење).
2.Морковот изрендајте го. Кромидот ситни исечкајте го. На малку масло за готвење, пржете ги околу 10 минути. Пиперката и целерот исечкајте ги, додадете ги во тавата и пржете уште неколку минути.
3.Во тавата додадете го мелено месо, зачинете со сол и црн пипер и пржете го неколку минути се додека месото не ја промени бојата.
4.Запрженото месо ставете го врз сварениот ориз.
5.Одозгора нарендајте кашкавал и пече на 180 степени, околу 30 минути или се додека кашкавалот не добие златно-кафена боја.
6.Запечениот ориз со мелено месо оставете го малку да се олади и сервирајте го.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна