Ручек на кој е тешко да се одолее. Уште при самото подготвување ќе ве предизвика да брцнете прст и да лизнете. Мммм, тава со печурки вистински оброк за сладокусци кој нуди уживање во секое залаче.
Тава со печурки
By October 19, 2012
Published:- Prep: 25 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 40 mins
Ручек на кој е тешко да се одолее. Уште при самото подготвување ќе ве …
Ingredients
- 400 г свежи печурки
- 1-2 кромида
- 250 г кашкавал
- 2 лажици масло за готвење
- 1 лажичка сол
- ½ лажичка црн пипер
- 1 лажичка брашно
- 30 г путер
- 120 г павлака за готвење (со висок процент на масленост)
Instructions
1.Печурките исчистете ги и исечкајте ги на парченца. И кромидот исечкајте го на ситни парченца. Кашкавалот изрендајте го.
2.На тава за пржење, загрејте масло и запржете го исечканиот кромид. Посолете и пржете се додека не се карамелизира кромидот.
3.Во тавата додадете ги исечканите печурки и динстајте ги околу 8 минути. Додадете лажичка црн пипер и тргнете ги од оган.
4.Во друг сад, на оган, ставете лажица брашно и запржете го. Додадете путер притоа константно мешајќи. Додадете ја и павлаката и мешајте се додека малку не се згусне.
5.Печурките префрлете ги во огноотпорен сад за готвење. Одозгора прелијте со претходно подготвениот сос и наросете со рендан кашкавал.
6.Печете на 200 степени се додека површинскиот слој не добие златно кафена боја. Сервирајте топли во комбинација со зеленчук, тестени или месо.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна