Немате идеја што денес за руче? Не очајувајте. Мигусто е тука за вас. Брз попис на потребни состојки, шопинг и фаќајте се за работа. Откако веруваме добро ќе ручате, очекуваме да ни пишете како ви се допадна овој наш специјалитет.

Печен вргањ со компир

By Тетка Биберче Published: June 24, 2013

  • Prep: 15 mins
  • Cook: 35 mins
  • Ready In: 1 hr 30 mins

Немате идеја што денес за руче? Не очајувајте. Мигусто е тука за вас. Брз …

Ingredients

Instructions

  1. Сварен компир1.Компирите измијте ги, сварете ги, излупете ги и исечкајте ги на тенки крукчиња.
  2. Запжени печурки2.И печурките исчистете ги и исечкајте ги. Во тава, на малку маслиново масло, заедно со едно ситно сечкано лукче , запржете ги. Зачинете со сол и црн пипер.
  3. Магдонос и кашкавал3.Магдоносот ситно исечкајте го. Исечкајте го и другото чешне лук. Во сад, измешајте ги заедно со лебните трошки и малку масло. Кашкавалот исечкајте го на листови.
  4. Тава спремена за печење4.Садот за печење намачкајте го со масло за готвење. Ставете ред компир, ред кашкавал, ред печурки, постапката повторете ја се додека се не се потроши. Налејте со супа од коцка. Одозгора наросете со магдоносот и лебните трошки.
  5. Тава печурки со компир5.Садот покријте го со фолија и печете на 180 степени околу 20 минути. Откријте го и печете уште 10 минути или малку да се запече одозгора.