Тавче гравче е традиционално македонско јадење, храна која е дел од секое македонско семејство. По традиција, секој петок, без исклучоци.
Тавче гравче
By September 28, 2012
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 2 hrs 0 min
- Ready In: 2 hrs 10 mins
Тавче гравче е традиционално македонско јадење, храна која е дел од секое …
Ingredients
- 200 г гравче
- 1 главица кромид
- 1 пиперка
- 2-3 чешниња лук
- малку масло за готвење
- 1-2 лажички црвен пипер
- малку сол, нане и црн бибер
Instructions
1.Измијте го гравчето. Во сад со вода, ставете 1 лажица сода бикарбона, ставете го гравчето и оставете го неколку часа. (Доколку немате време рипнете ја процедурата 🙂 )
2.Исплакнете го гравчето неколку пати. Во сад со вода, на оган, ставете го да се вари заедно со цел кромид (исчистен), лукче и пиперка. Варете го гравот се додека не омекне. (времето на варењето зависи од староста, типот...)
3.Во тавче, загрејте масло за готвење и ставете некоку лажички црвен пипер. Промешајте. Гравот исцедете го, (но не сосема), зачинете и ставете ја запршката.
4.Гравчето е спремно за печење. Претурете го во керамички тави и печете се додека течноста не испари.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна